Тухел реши да им даде шанса на играчите кои не се изнаиграа оваа сезона во дуелот со Саутемптон во 1/8 финалето од Карабао Купот.

Регуларните 90 минути завршија 1:1 откако Хаверц му донесе водство на домаќинот во 44 минута а Адамс погоди за гостите во 47 минута.

Во пенал рулетот Челси славеше со 4:3, за „Сините“ не погоди само Маун а за поразените Волкот и Смолбоун.

Во четвртфиналето пласман денеска обезбедија и Арсенал и Сандерленд.