Челси се пласираше во четврфиналето од ФА Купот на Англија, по победата над Ливерпул од 2-0. „Црвените“ од Енфилд втор меч во низа бележат пораз и втор меч не успеаа да ја затресат мрежата на противникот.

Резултатот го отвори Вилиан во 13.минута, кој по еден шут од 15.метри го совлада Адриан на кого топката му се лизна од рацете и заврши зад неговиот грб, додека вториот гол беше дело на Рос Баркли кој по еден спринт со шут од далечина го матираше Адриан.