Челси запиша триумф против Манчестер Сити од 1:0 во рамки на полуфиналниот меч од англискиот ФА Купот, и оттаму Гвардиола остана без шанса за трофеј во ова натпреварување.

Во првиот дел, натпреварот не понуди многу, освен можеби погодокот на Зијеч во раната 7. минута, но кој беше поништен поради недозволена позиција.

Истовремено, овој дуел го одбележа и повредата на Кевин Бруин на стартот во вториот дел од мечот.

А, единствениот погодок на дуелот, беше постигнат во 55. минута чиј стрелец беше Зијах, кој како што споменавме, беше неуспешен во својот прв обид.

За потсетување инаку, Челси во финалето во ФА Купот, ќе биде домаќин на подобриот од дуелот помеѓу Лестер и Саутемптон.