„Сините“ од Лондон ремизираа со Борусија Менхенгладбах на контролниот натпревар одигран попладнево.

Бундеслигашот по првото полувреме водеше со 2:0 со головите на Плеа и на Хофман а Челси во вториот дел се врати со двата гола од пенал на Абрахам и на Баркли.

Ова беше последен контролен натпревар за Челси пред воведното коло од новата сезона во Премиерлигата во кое „Сините“ ќе му гостуваат на Манчестер Јунајтед на 11 август.