Поразот од Баерн Минхен во ЛШ очигледно остави подлабока трага по играчите на Челси кои денеска одиграа само 2:2 на гостувањето кај Бурнмаут а мораа да се спасуваа и од пораз.

Натпреварот од 28 коло во Премиер лигата требаше да покаже дека Лампард има решение за мини кризата и со победа да ја дочека новата работна недела.

Челси тргна добро поведе преку Алонсо во 33 минута.

Лема и Кинг во второто полувреме од 54 до 57 минута му донесоа пресврт на домаќинот.

 

Челси се спаси од пораз и освои бод со вториот гол на натпреварот на Алонсо постинат во 85 минута.

На останатире два меча, Вест Хем го совлада Саутемптон со 3:1 а Њукасл и Барнли ремизираа без голови.