Франк Лампард има причина за задоволство по изданието на новите засилување на Челси во победата над Краснодар од 4:0 во 2 коло од Групата Е во Лигата на шампионите.

Челси поведе со голот на Хадсон Одои во 37 минута, асистираше Хаверц.

На 2:0 зголеми Вернер од пенал во 76 минута, третиот гол беше дело на Зијеч а асистираше Германецот.

 

Конечните 4:0 ги постави Пулишиќ во 90 минута по додавањето од Абрахам.

Челси во првото полувреме не реализираше пенал преку Жоржињо.