Во рамки на вториот полуфинален меч во Лигата на шампионите, Челзи го прославува своето финале, обезбедувајќи го со триумф над Реал Мадрид со 2:0.

По ремито во Мадрид, Реал ја имаше фаворитската улога, но истата не ја искористи, и речиси не беше ниту блиску до триумф или ново реми во денешниот дуел.

Челзи ја имаше доминацијата во текот на целиот меч, и иако имаше големи шанси за гол повеќе, доволни беа искористените две.

Па така, „Сините“ од Лондон беа сигурни во овој меч и со по еден погодок во двете полувремиња го надиграа големиот фаворит.

Вернер најпрво го отвори резултатот со погодокот постигнат во 28. минута, додека конечните 2:0 ги постави Монт во 85. минута од мечот.

Во големото финале на 29. мај, екипите од Лондон односно Манчестер, на Европа ќе и понудат англиска пресметка.