Челзи стигна до многу важна победа во битката за пласман во Лигата на шампионите. Херојот на Томас Тухел денеска беше неговиот сонародник Каи Хаверц кој постигна два гола.

Првиот гол на Хаверц беше во 10-тата минута по една убава асистенција на Мејсон Маунт.

А еднаш стрелаше и во второто полувреме по една исто така убава асистенција, само сега од Тимо Вернер во 49-тата минута од мечот во Лондон.

Со оваа победа Челзи има 61 бод на четвртата позиција, односно шест повеќе од петтиот Вест Хем и седум од шестиот Ливерпул, кои треба утре да ги одиграат своите натпревари, од кои Црвените го играат големото дерби со Манчестер Јунајтед. Додека пак Фулам со овој пораз веќе патува кон Чемпионшип, на четири кола до крајот се 18-ти со 27 бода, девет помалку од 17-тиот Њукасл, кој има и меч помалку сега.

Standings provided by SofaScore LiveScore