Арсенал успеа да ја направи борбата за пласман во Лигата на шампионите уште поинтересна, себеси можеби не си помогнаа, но сигурно благодарност ќе им стигне од Ливерпул.

Успеаја минимално да го победат Челзи со голот на Емил Смит Роу во 16-тата минута.

Со овој пораз Челзи сега е на четврата позиција со 64 бода, односно шест повеќе од петтиот Вест Хем кој има меч помалку, и седум од шестиот Ливерпул, кој пак има два меча помалку. Арсенал пак моментално се осми на табелата со 55 бода, колку што има под нив и Евертон, кој пак има два меча помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore