Челзи успеа со убедливи 7:0 да слави во мечот против Норич на Стемфорд Бриџ, главен во тимот денеска беше Мејсон Маунт.

Тој во осмата минута го отвори резултатот, кој го удвои Калум Хадсон Одои осум минути подоцна. На полувремето се замина со три гола во мрежата на Норич, откако прецизен беше Рис Џејмс во 42-та минута.

Во 57-та четвртиот гол беше дело на Бен Чилвел, само пет минути подоцна во 62-та минута за 5:0 автогол постигна Макс Аронс. Последните два гола беа дело  Мејсон Маунт, прво беше прецизен од пенал во 85-тата минута, а потоа стрелаше и во 91-та минута.

Со оваа победа Челзи има 22 бода и останува на врвот на Премиер лигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore