Иван Тричковски повторно се најде во центарот на Кипарската јавност, по четири постигнати погодоци за неговата Аек Ларнака на мечот против Етникос Ахна.

Гостите славеа со 2-5, а она што е интересно резултатот го отвори поранешниот репрезентативец Јован Костовски кој заедно со  Бојан Марковски и Мартин Богатинов е дел од Етникос Ахна. Сепак, во вториот дел на сцена стапи популарниот Тричко и со четири погодоци во интервал од 29.минути постигна четири погодоци, а притоа беше асистент за погодокот на неговиот колега од нападот Факу.

Тричковски со овие четири погодоци е на  бројката од 15 голови сезонава и прв стрелец во Кипар.