Репрезентацијата на Чиле е претпоследниот полуфиналист на Копа Америка откако по пенал серијата ја совлада Колумбија со 5-4, во регуларните 90 минути немаше голови.

Херој кај Чиле беше играчот на Јунајтед, Алексис Санчез кој го постигна решавачкиот петти гол за својата селекција. Противник на Чиле во полуфиналето ќе бид еподобриот од мечот меѓу Уругвај и Перу.