Хуманитарен натпревар се одигра во Рим, а го судеше напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле. Тоа го направи на повик на папата Фрањо.

„Тоа што сум јас баш избран за овој хуманитарен натпревар кој го промовираше папата Фрањо ме прави горд“– изјави италијанскиот репрезентативец и европски шампион.

Стануваше збор за хуманитарен натпревар меѓу Светската организација Рома и ватиканскиот тим Фратели Тути, кој го поддржа папата Фрањо. Натпреварот е одржан со цел борба против расизмот и дискриминацијата, а Лацио одигра клучна улога во спонзорството и организацијата на мечот.

Натпреварот заврши со резултат 7:7, а Имобиле досуди два пенали.