Вкупно пет голови на шест меча во првото полувреме во Лигата на шмапионите, второ коло, само во Лондон имаше добра ефикасност со три гола води Баерн Минхен.

Тотенхем поведе со голот на Сон во 12 минута . Следуваше одговор на Баерн, шампионот на Германија израмни преку Кимих во 15 минута, Левандовски во 45 минута носи пресврт 1-2 по првиот дел.

На останатите средби нема многу голови, во Торино, Јувентус води по првиот дел со голот на Игуаин против Леверкузен, Црвена Звезда прими гол од Олимпијакос во Белград во 37 минута, погоди Семедо за водство на екипата од Грција.

На останатите средби, Галатасарај -ПСЖ, Манчестер Сити – Динамо Загреб и Локомотив Москва – Атлетико Мадрид нема голови.