Гранада ја запиша третата победа на последните четири натпревари во Ла Лига откако ја совлада Валенсија со 2:1 во 16 коло од Ла Лига.

Валенсија поведе во 36 минута преку Гамеро, на ова следуваше одговор од Кенеди па на полувреме беше 1:1.

Во вториот дел Валенсија остана без Џадсон и Гуедес а домаќините без Дуарте. Целата мешаница на теренот ја искористи Молина во 88 минута за победа на Гранада.

;

Ова за Валенсија беше седми овосезонски пораз со што продолжи низата без победа на некогаш тимот кој се бореше за титулата во Ла лига.