Манчестер Јунајтед губеше со 2-0, а на крај запиша победа со 3-2 против Аталанта на „Олд Трафорд“.

Бергамашите поведоа со двата гола на Пашалиќ и Демирал, но Јунајтед не се откажа и со три гола во серија во второто полувреме стигна до неверојатен пресврт и победа со 3-2.

Рашфорд, Мегваер и Роналдо за победа на Јунатед која е втора во ЛШ за „ѓаволите“.

Во оваа група Вилјарел го совлада Јанг Бојс со 2-1.