Милан со 3-1 ја победи Парма која водеше по првиот дел со голот на Јасмин Куртиќ.

„Росонерите“ одиграа фантастично во вториот дел, гол серијата ја отвори Кеси со прекрасен гол со кој Милан израмни на 1-1 во 55 минута.

Само четири минути подоцна погоди Ромањоли, конечните 3-1 ги постави Чалханоглу во 77 минута.

Момент кој го одбележа мечот е шутот на Ибрахимовиќ од слободен удар во првиот дел, го покоси  Гањоло во 14 минута, сепак се добро се заврши за играчот на Парма. Швеѓанецот денеска го запиша 100 меч во дресот на „росонерите“.