Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов доби шанса во второто полувреме за Штутгарт против Аугсбург во победата од 2:1, крилниот напаѓач беше асистент на голот за победа на домаќините во 74 минута кој го постигна Калајџиќ.

Форстер го донесе Штутгарт во водство во 11 минута, гостите израмнија преку Нидерлехер во 59 минута.

Со оваа победа Штутгарт ја прекина низата без триумф а до крајот на сезоната ќе игра против Борусија Менхенгладбах и против Арминија Билефелд.