Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше вечер за паметење откако го запиша својот прв настап во Бундеслигата во ремито на Штутгарт на домашен терен против Келн 1-1.

Чурлинов влезе во игра од клупата за резервни играчи во 74 минута на местото на австрискиот репрезентативец Саша Калајџиќ.

Штутгарт дојде во водство уште во првата минута преку Мангала, а гостите израмнија преку Андерсон од пенал на средина од полувремето.