Дарко Чурлинов викендов настапи за тимот на Келн II до 21 година, постигна два гола против Ахен во регионалната лига -Запад, Келн II победи со 4-2.

Чурлинов погоди во 19 и 35 минута за водство на „јарците“ од 2-0. Со двата гола на македонскиот репрезентативец заврши првиот дел.

Келн на крајот победи со 4-2, освои важни три бода, тимот до 21 година на Келн во секторот Запад во регионалната лига се наоѓа на второто место.