Младиот македонски репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов продолжува да импресионира со игрите во Германија, во екипата на Келн.

Напаѓачот на денешниот натпревар во вториот тим на Келн против Липштат во рамки на четвртата германска лига, беше автор на два погодоци во победата на неговата екипа од 4-1.

За Чурлинов ова беа први погодоци сезонава во вториот тим на Келн, погоди во 34, 49 и 89 минута.

Формата на Чурлинов мора да го радува пред се селекторот Благоја Милевски кој во Чурлинов веројатно полага најмногу надежи во фазата на напад.