Дарко Чурлинов летово е дел од подготовките на сениорскиот тим на Келн, откако беше фантастичен минатата сезона во младинскиот тим. Чурлинов веќе започна да ја оправдува довербата која ја доби, откако стрелаше на денешниот пријателски натпревар против Фрехен 20.

Чурлинов влезе во игра на почетокот на вториот дел за неговиот тим, а му беа потребни само седум минути да го стави своето име на листата на стрелците. Најмладиот дебитант за македонската фудбалска репрезентација летово има прилика да ги покаже своите способности и можеби да добие прилика за настап во Бундеслигата наредната сезона.

Келн го доби натпреварот против Фрехен со резултат 7-1.