Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов доби 20 минути на средбата меѓу Штутгарт и Оснабрик која заврши со резултат 0-0.

Чурлинов влезе во игра во 76 минута од средбата но за жал не успеа да с езапише во листата на стрелците како на натпреварот со Динамо во Дрезден.

За Штутгарт ова беше 7 нерешен натпревар сезонава со кој засега го задржа второто место на табелата во Бундеслига 2, има 52 бода, прва е екипата на Арминија Билефелд со 57 бода но и натпревар помалку.

Средбата ја одбележа и големото промашување на Бенџамин Гирт од гостинскиот тим промаши празен гол, или поточно, ја погоди стативата.