Екипата на Штутгарт во рамки на 29. коло од германската Бундеслига, запиша пораз од екипата на Унион Берлин со 2:1 на гостински терен. Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов конечно доби шанса и влезе во мечот во 59. минута, иако не забележа погодок зад себе. Во овој меч за домашниот тим погодија Промел во 20. минута и Муса во 43. минута, додека за гостите во листата на стрелци се запиша Фостер со погодокот во 49. минута од мечот.

Во останатите дуели денес, Аугзбург ремизираше со Билефелд без погодоци 0:0, Борусија Менхенгладбах славеше со убедливи 4:0 против Ајнтрахт Франкфурт. Со 4:0 забележа триумф и Фрајбург против екипата на Шалке.

Во дербито пак на 29. коло, Баерн Минхен триумфираше со 2:3 против екипата на Волфзбург.