Македонија го реши Казахстан на негов терен со 4-1, блескаво издание на нашата млада репрезентација, ДаркоЧурлинов постигна два гола, асистираше за еден.

Чурлинов погоди во 38 минута за водство 1-0, еврогол на играчот на Штутгарт.

На 2-0 зголеми Јани Атанасов, прво не го искосристи пеналот а потоа  погоди откако ја искосристи одбиената топка за 2-0 во 42 минута.

Чурлинов по втор пат се запиша во листата на стрелците, по 3 минути игра во второто полувреме од тежок агол реализираше за 3-0.

Домашните намалија преку Омиртаев во 52 минута на 3-1. До крајот на мечот Казахстан остана со два играчи помалку, по што Митровски реализирае за 4-1 по одличната аситенција на Чурлинов во 67 минута.

Македонија по оваа победа има 13 бода на второто место, Шпанија е неприкосновена со 16 бода и натпревар помалку од нашата репрезентација.