Шампионот на Србија, Црвена Звезда со 3-1 го совлада Олимпијакос во Белград, фуриозно второ полувреме со три гола во мрежата на тимот од Грција.

Олимпијакос поведе со голот на Семедо во 37 минута. Во вториот дел, Олимпијакос остана со играч помалку од 58 минута по вториот жолт картон на Бензиа.

Црвена Звезда ја искористи предноста на теренот, со три гола во второто полувреме преку Вулиќ, Милуновиќ и Боачи запиша победа.