Црвена Звезда загуби од Хелсинки со 2-1 на реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите но и покрај поразот  оди во следната рунда.

Тимот од Белград со вкупни 3-2 е во третото коло, на реваншот Далстром ги доведе домашните играчи во водство во 46 минута. Јованчиќ израмни во 56 минута, конечните 2-1 ги постави Риски во судиското продолжение.

Црвена Звезда за противник во третото коло ќе го има подобриот од двомечот меѓу Копенхаген  и ТНС.