Црвена Звезда ги претстави проектите за реконструкција на стадионот „Рајко Митиќ“, стигнале многу предлог проекти на адреса на фудбалскиот великан од Србија кој ги избра најдобрите и ги претстави пред медиумите.

Три предлози се комплетно нов стадион, останатите нудат реконструкција, секако што и да одбере раководство на Црвена Звезда, новиот изглед на стадионот ќе биде преубав.