Црвена Звезда не успеа да стигне до победа против Шериф Тираспол, во рамки на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Шампионот на Србија на тој начин не ја оправда улогата на фаворит против Молдавците.

Шампионот на Молдавија дојде во водство преку Фабио Катањега во 33-та минута.

Црвена Звезда успеа да дојде до израмнување преку Лоис Диони во првата минута од продолжението на првото полувремето.

Во другиот меч Олимпијакос и Лудогорец одиграа исто 1:1.