Црвена Звезда обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите по драматичниот реванш со Копенхаген од Данска, регуларните 90 минути завршија со 1-1, немаше голови во продoлженијата, по пеналите 7-6 за тимот од Белград.

Пенал серијата донесе невидена драма, 22 пенали во фудбалскиот рулет  по кој шампионот на Србија се радуваше на пласман во  баражот, има обезбедено место во групната фаза во Европа лигата без оглед на исходот со Јанг Бојс кој е последна пречка пред пласманот во групната фаза во ЛШ.

Херој кај Црвена Звезда беше голманот Милан Борјан кој одбрани четири пенали во победничката драма.