Црвена Звезда ја одбрани шампионската титула, трета во низа и вкупно 31. во историјата на клубот од Белград.

Рад како домаќин беше декласиран од старо-новиот шампион со 5-0, Дејан Станковиќ на убедлив начин со Црвена Звезда ја одбрани шампионската круна.

Црвена Звезда победи со головите на Иваниќ, Бабиќ , Вукановиќ кој два пати се запиша во листата на стрелците и Дегенек кој ја потврди убедливата победа.