Додека македонските клубови едвај врзуваат крај со крај, кај соседите во Србија се прават милионски трансфери, се купуваат играчи од Италија.

Филипо Фалко е ново засилување на Црвена Звезда. Досегашниот играч од средниот ред на Лече пристигнува во Белград во трансфер вреден милион евра, несметајќи ги бонусите.

Српскиот шампион ќе биде должен на Италијанците да им плати и плус 300.000 евра доколку екипата наредната сезона се пласира во Лигата на шампионите, така што вкупната сума би стигнала до 1,3 милиони евра.

Тој потпишува договор со белградскиот тим до летото 2023 година, а би ќе заработува годишно по 480.000 евра.

 

28 годишниот Фалко оваа сезона одигра 11 натпревари за Лече во Серија Б и постигна два гола.

Кариерата ја започнал во Павија, а потоа играл за голем број италијански клубови, главно од пониските лиги, како Реџина, Јуве Стабија, Трапани, Чезена, Беневентно, Перуџа, Пескара и Болоња, од каде во 2018 премина во Лече.