Фудбалерите на Манчестер Јунајтед играат во неверојатна форма, а доказ за тоа е денешниот триумф над Борнмут од 5-2.

Иако натпреварот започна неочекувано за домаќините и беа во негатива од 0-1, избраниците на Солскјер на крилата на Гринвуд и Бруно Фернандеш веднаш се вратија во игра и направија комплетен пресврт.

Во вториот дел гостите со голот на Кинг ја намалија предностна на 3-2, но англискикиот гигант со вторите погодоци на Гринвуд, односно Фернандеш ја запечати судбината на гостите.