Енис Барди се врати во составот на Леванте на најдобар можен начин, постигна голчиште од слободен удар на Куп натпреварот со Валјадолид.

Леванте губеше со 1-0, на сцена стапи Барди кој е стартер за Леванте за прв пат по повредата , и погоди на неверојатен начин од слободен удар.