Астон Вила и Вулверхемтоп во 28-то коло од Премиер лига одиграа натпревар без голови. Но и покрај тоа што мрежите останаа незатресени, натпреварот беше доста интересен.

Гостите беа многу подобри и само среќа и одличниот голман на Астон Вила, Емилиано Мартинез, спречија пораз за тимот од Бирмингем.

Но, она што успеа да го промаши Ромаин Саис од Вулверхемптон во 57-та минута е тешко да се објасни. Човекот беше сам на еден метар од празниот гол и успеа да промаши.

Моментот можете да го видете после 00:40: