Шкендија му гостува на Дуделанж, реванш меч во квалификациите за Европа Лигата. Дуделанж изненади во Скопје, победи со 2-1, македонскиот претставник е на потег да направи пресврт.
Негативата е достижна, мотивите се големи, Шкендија сака и може до пресврт, противникот е познат, анализиран, но и опасен, Дуделанж нема пораз дома на последните 16 натпревари во низа.
„„По првиот мечот ја анализиравме нашата игра. Ништо не е загубено и на реваншот имаме можност за поправен. И на крајот од првите 90 минути реков дека ќе се бориме за да ја анулираме негативата. Во текот на неделата работевме да бидеме на ниво за победа, па затоа мислам дека и тренерскиот тим и фудбалерите сме свесни за важноста на мечот“ – изјави Османи, тренерот на Шкендија.
Натпреварот меѓу Шкендија и Дуделанж се игра вечерва од 17-55 часот, без пренос на ТВ.
Comments are closed for this post.