Фенербахче дојде на два бода помалку во однос на Бешикташ во трката за првото место во најсилното фудбалско првенство во Турција, откако го совлада Кајзериспор со 3:0.

Тиам, Самата и Цисе ги постигнаа головите за домаќинот, кај поразената екипа повремениот репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски го одгра целиот натпревар.

Ова за офанзивниот плеј беше пети настап во Супер лигата каде сеуште го очекува првиот гол.

Новото засилување на Фенербахче, Месу Озил беше на трибините и уживаше во претставата од неговите нови фудбалски колеги.