Данска со убедливи 4-1 ја победи Русија и со тоа го освои второто место во групата Б на ЕУРО, оди во осминафинале заедно со Белгија која запиша три победи од три меча.

Со головите на Дамсгард, Послен, Кристенсен и Меле, Данска едноставно обезбеди резултат со кој стигна до осминафиналето како втора, голот за Русија е дело на Џуба.

Белгија со 2-0 подобра од Финска, која заврши како трета, додека Русија е последна на табелата. Храдецки постигна автогол, додека Лукаку ја потврди победата за Белгија која максимален ефект.