По воведниот натпревар од 1 коло од оваа сезона во ПМЛФ, на кој Борец вчера славеше кај Вардар со 1:0, попладнево се играат останатите пресметки ширум земјава, секако без публика поради Ковид-19.

Шкупи има предност од 2:0 по првото полувреме против Шкеднија, двата гола ги постигна Дембо Дарбое.

Македонија ЃП води против Работнички со 1:0 со голот на ветеранот Боби Божиновски.

Пелистер има минимално водство против Академија Пандев благодарение на голот на Хот од 10 минута.

На дуелот меѓу Беласица и Силекс како и на оној меѓу Ренова и Струга нема голови.

Standings provided by SofaScore LiveScore