Штудгарт го совлада Регенсбург со 2:0 во натпревар од 23 коло од втората Бундес лига и со ова ја продолжи низата без пораз во оваа конкуренција која трае од 1 декември 2019 година.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов по трансферот од Келн во Штудгарт конечно доби шанса за деби откако влезе во игра во 71 минута на местото на Вамангитука.

Штудгарт двата гола ги постигна за две минути, Дидави раализираше во 58 минута а Кастро во 60 минута.

 

Со оваа победа Штудгарт напредуваше на второто место на табелата во втората Бундес лига со 44 бода колку што има и лидерот Арминија Билефилд.

Во следното коло Штудгарт и Дарко Чурлинов ќе му гостуваат на Гројтерфурт.