Келн се врати во првата Бундеслига  и ги започна подготовките за новата сезона од која очекува солиден пласман. Член на Келн од поодамна е Дарко Чурлинов, најмладиот дебитант во историјата на македонската сениорска фудбалска репрезентација.

Чурлинов на 11 јули ке полни 19 години, повикан е во сениорскиот тим на Келн на стартот на подготовките, ќе добие шанса да го покаже својот квалитет  и да се наметне за евентуален  настап во дресот на „јарците“ во новата сезона.

Келн преку својот  ТВ канал го објави видеото од првиот тренинг на кој вообичаено доаѓаат многу навивачи на клубот.