Манчестер Сити без поголеми проблеми се справи со Вест Хем и славеа со 2-0 во рамки на 26.коло од Премиер лигата.

Херој за „граѓаните“ беше Кевин Де Бруин кој асистираше при првиот гол на Родри, додека автор на вториот гол беше самиот тој. Белгиецот по кој знае кој пат ја покажа светската класа.

Со оваа победа „Граѓаните“ ја зголемија предноста на четири бода во однос на Лестер кој е третопласиран, додека осамен на врвот е Ливерпул со позитива од дури  22 поени.