Во 29. минута од средбата меѓу Лион и Јувентус од осминафиналето на Лигата на шампионите, дојде до судар меѓу дефанзивецот на Јувентус Матијс де Лигт и неговиот соиграч Алекс Сандро, а при падот тој беше и дополнително изгазен и од двајца противнички играчи.

Де Лигт доби лоша посекотина на главата па мораше да оди надвор и токму во тој момент, додека Јувентус играше со десетмина фудбалери падна и единствениот гол на средбата.