Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт ја доби нагрдата за најдобар млад играч во избор на „France Football“.

Де Лихт ги победи Џејдон Санчо и Жоао Феликс од Борусија Дортмунд  и Атлетико Мадрид.

„Горд сум што ја добив наградата, му благодарам на Ајакс, мојот поранешен клуб и Јувентус, сегашниот, на моето семејство, девојката и сите кои гласаа за мене“ – изјави Де Лихт.