Јувентус го победи Торино во градското дерби со 1-0, но во 11. минута од средбата се случи спорен момент кој судијата Даниеле Довери не го санкционира со пенал.

Матијс Де Лихт играше со рака, играчите на Торино реагираа и бараа пенал, но Довери не се реши да досуди пенал.

Во Италија веднаш лавина од реакции дека Јувентус е повторно фаворизиран од судиите.