Дефанзивецот на Интер, Стефан де Вриј го донира дресот од своето деби во Лигата на шампионите против Тотенхем како би помогнал за  собирање на средства за болницата во Бергамо.

Дефанзивецот сака да помогне во борбата против КОВИД-19 и одлучи да го донира својот дрес со број 6. Интер  и Де Вриј на тој натпревар славеја со 2-1, а дефанзивецот беше асистент за вториот погодок на Весино.

Парите собрани од донацијата ќе одат во болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо.

„Здраво на сите, решив да го подарам овој дрес во болницата во Бергамо. Овој дрес е специјалне  бидејќи го носев на моето деби од Лигата на шампиони против Тотенхем. Се надевам дека сте добри и ви испраќам голема прегратка!“- порача Де Вриј.