Рома го совлада Беневенто со 5:2 во натпреварот од 4 коло во Серија А предводена од денеска расположениот Хенрих Михтарјан кој запиша две асистенции.

Беневенто поведе по 5 минути преку Капрари, на ова следуваше деби голот на Педро за Рома во 31 минута, во 35 минута Џеко му донесе водство на домаќинот.

 

Во второто полувреме за Рома прецизни беа и Веретут, Џеко повторно по асистенција на Михтарјан и Перез. За гостите реализираше Лападула.