Алексис Санчез го започна мечот на гостувањето кај Сампдорија и го постигна првиот гол во дресот на Интер.

Главен виновник за ова беше младиот плајмејкер, Сенси кој го отвори резултатот во 20 минута а две минути подоцна му асистираше на Чилеанецот за водство на лидерот во Серија А од 2:0.

 

На стартот до второто полувреме, Санчез заработи втор жолт картон поради симулирање, нешто што сигурно нема да наиде на оправдување од Конте.