Манчестер Јунајтед веќе по првото полувреме против Бриж обезбеди пласман во 1/8 финалето од Лигата на Европа.

„Црвените Ѓаволи“ по првиот дел имаат предност од 3-0, а еден од погодоците го постигна Игало, кој прв пат по неговото доаѓање се најде во почетниот состав.

Другите два погодоци ги постигнаа Бруно Фернандес и Мектоминеј, кој се врати по пауза од два месеци.