Верона успеа да одолее на притисокот против „Старата Дама“ и на полувреме замина со позитивен разултат, 1:1 против тимот кој денеска е апсолутен фаворит.

Ди Кармине не реализираше пенал но тоа го поправи поранешниот репрезентативец на Португалија, Велосо за водство на Верона во Торино против Јувентус.

Сепак фаворитот до првото полувреме успеа да израмни преку новото засилување Арон Рамси кој го постигна првиот гол во црно-белиот дрес во неговиот дебитантски настап во Серија А.